Италијанскиот првак Интер сериозно се коцкаше со титулата против Емполи откако дозволи да губи со 0-2, но на крајот сепак триумфираше со 4-2 и се искачи на првото место на табелата во Серија А.
Пинамонти во петтата минута најави изненадување, а Кристјан Аслани зголеми на 0-2 за Емполи во 28.минута.
Но, Интер израмни до одморот. Во 40.минута Ромањоли си постигна автогол, а пет минути подоцна Лаутаро Мартинез израмни на 2-2.
Лаутаро во 64.минута се погрижи за пресврт, а Алексис Санчез го потврди триумфот во 94.минута.