Сигурна победа оствари „новиот“ Њукасл, за кого ова е прва сезона од почеток со новите пребогати газди од Саудиска Арабија. Црно-белите на домашен терен беа подобри од повратникот во англиската елита, Нотингем Форест (2-0) со головите на Фабијан Шар и КалумВилсон во второто полувреме.

Стартни победи обезбедија и Лидс и Борнмаут и тоа како домаќини во пресметките со Вулверхемптон (2-1) односно Астон Вила (2-0).