Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, го постигна третиот гол во дресот на Трабзонспорт, откако вечерва беше еден од стрелците во убедливата победа над Монако во 4. коло од Лига Европа.

Нашиот фудбалер интелигентно изведе слободен удар за третиот погодок за турскиот шампион против гостинот од Монте Карло, со што потсети на фантастичните погодоци од прекин во дресот на шпански Леванте.

 

Претходно, Барди постигна гол на гостувањето кај Анталијапор уште кон крајот на август.