Шпанска Барселона ги украде од Челзи речиси договорените трансфери на Рафиња и на Жул Кунде, Роберт Левандовски ги одби „сините“ за да се пресели на „Камп Ноу“, а сега овие клубови би можеле да ја комплетираат размената на летото.

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Челзи на Барселона и понудил 70 милиони евра, и левиот бек Маркос Алонсо за трансферот на Френки де Јонг.

Барса бара 80 милиони евра за Холанѓанецот, а Челзи го цени Маркос Алонсо на 10 милиони и знае дека тој е најголемата желба на Чави како конкуренција на Жорди Алба.

Де Јонг е најплатениот играч на Барса, тој одбива нов договор и намалување на платата, па клубот на секој начин се обидува да го продаде.

Сините го сакаат Де Јонг и  да се ослободат од Алонсо чиј статус е загрозен со доаѓањето на Марк Кукуреља. Шпанецот влезе во последната година од договорот и пред три месеци ги договори личните услови со Барса.

Барса би добила 70 милиони и играч вреден 10 милиони евра, па изгледа сите би добиле.