Поранешниот италијански шампион Милан без многу проблеми стигна до победа против Калјари со 4-1 во осминафиналето на Купот.
Во првото полувреме блескаше српскиот фудбалер Лука Јовиќ кој постигна два гола во мрежата на противникот, додека во вториот дел погодија Чака Траоре и Рафаел Леао за конечни 4-1.
Милан во четвртфинале ќе се соочи против победникот од дуелот меѓу Аталанта и Сасуоло.