Српскиот кошаркарски гигант Партизан го запиша десеттиот триумф во Евролигата, откако вечерва на домашен терен беше подобар од Асвел со 90-77.

Српскиот кошаркарски гигант триумфално ја започна 2024 година, а со победата против Асвел ја прекинаа мини-серијата од два порази по ред во елитното кошаркарско натпреварување и се „загреаа“ пред вечното дерби против Црвена Звезда в четврток.,

Најефикасен во победничкиот тим беше Пантер со 22 поени, а солиден беше и Анѓушиќ со 15 поени и четири скока. Кај поразениот тим се истакна Скот постигна 24 поени.

 

Црвена Звезда феноменално ја отвори 2024 година, со што стана првиот тим во Евролигата кој го победил Фенербахче во Истанбул. Српскиот гигант од „пеколот“ во Истанбул се враќа со триумф од 76-85.

Боломбој со 24 поени и шест скока беше најдобриот поединец на српскиот тим, а вреди да се напомене дека голема улога во оваа победа имаа и Недовиќ и Теодосиќ кои погодија клучни тројки во самиот финиш.