Себастиен Але мина низ многу тежок период во животот, но го победи канцерот и успеа да ја оживее кариерата. Сега е херој на својата репрезентација, откако го постигна победничкиот гол за триумф (2-1) на Брегот на Слоновата Коска против Нигерија во финалето на Купот на Африкански нации.
Себастиен Але во 81.минута го комплетираше пресвртот на својот национален тим за победа на КАН.
Нигерија поведе со голот на Вилијам Труст-Еконг во 38.минута, а израмни Франк Кеси во 62.минута од финалето. Во финишот, Себастиен Але го постигна победничкиот гол за голем триумф на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска.