Екипата на Торино успеа да го победи Милан со 3-1 и ја продолжи трката за излез во Европа. „Биковите“ фуриозно го започнаа мечот и постигнаа два гола за водство по првиот дел.
Резултатот го отвори Дуван Запата со гол во 26.минута, а потоа стрелец беше и Иван Илиќ во 40.минута.
Рикардо Родригез во 46.минута постигна трет гол и беше јасно дека Торино ќе слави триумф. Милан успеа да стигне само до почесен погодок преку Исмаел Бенасер од пенал во 55.минута.
Со головите на Де Кателаре и Скамака, Аталанта триумфираше на гости кај Лече со 0-2 и го осигура пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.