Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одлични игри и голови во првенството на Шкотска. Тој ја продолжи гол-серијата и против славниот Селтик, постигнувајќи го единствениот погодок за водство на Абердин на денешниот меч против „детелинките“.
Миовски го доведе Абердин во водство кога со прекрасен гол во 50.минута го совлада голманот Џо Харт, а во 85.минута уште еднаш ја затресе мрежата на противникот, но голот не беше признат поради офсајд позиција.
Екипата на Селтик доминираше во првото полувреме кај Абердин и создаде дури 13 шанси, но не искористи ниту една од нив.
Македонскиот голгетер Миовски ги казни гостите за промашените шанси во 50. минута кога со прекрасен удар го матира Харт.
Миовски доби топка од Полвара и тргна во соло-продор. Тој изведе атрактивен дриблинг, ривалот остана на тревникот, а потоа рутински погоди во мрежата на искусниот Џо Харт.
Ова беше 19. погодок на Миовски во тековната сезона. Тој постигна 12 голови во првенството на Шкотска, а веќе ја надмина и најдобрата сезона во кариерата.
Лидерот во шкотското првенство го засили темпото во продолжение од средбата, па во 64. минута погоди преку Кун за 1-1.
Абердин остана на осмата позиција со 25 бодови, додека Селтик е прв со 58 бода.