Аријан Адеми поради повредата која ја заработи на мечот против Германија играјќи за нашата репрезентација ќе мора да паузира два месеци.

Оваа информација ја пренесоа хрватските медиуми наведувајќи дека зглобот на Адеми кој страдаше во дуелот со Каи Хавертс е сериозно оштетен и дека ќе мора да биде подложен на долга рехабилитација.

Додека да се опорави Адеми, ќе заврши есенскиот дел од сезоната, па така што тој дефинитивно ќе се врати на терените дури напролет.

Тоа значи дека не само што ќе ги пропушти мечевите на неговиот тим Динамо, туку и репрезенаттивните дуели против Ерменија на гости односно Исланд на домашен терен.