Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски синоќа имаше уште една одлична партија откако ја сочува мрежата од нападите на Хетафе, периодов покрај неговите одлични настапи се зборува и за неговата иднина.
Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо истекува по крајот на оваа сезона, што значи дека од овој месец тој има прави слободно да разговара со други клубови за евентуален трансфер на лето.
Во последно време Димитриевски се поврзува со тимот на Севиља, а како можни дестинации се споменуваат и Валенсија и Виљареал.
Но, опција за Димитриевски е и Рајо Ваљекано. Тој по вчерашниот дуел и триумфот со Хетафе рече дека е во преговори со клубот и можно е да остане во Мадрид.
„Среќен сум во Рајо, имам добра комуникација со претседателот и со сите во клубот. Во преговори сме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе ја донесеме најдобрата одлука за мене и за клубот“, изјави Димитриевски.