Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо синоќа даде два гола во триумфор на Португалија против Швајцарија, па на контото има 117 голови за националниот тим и е апсолутен рекордер по број на голови за една репрезентација.

Роналдо даде 117 гола во 188 меча за Португалија, но тоа што сега го одбележува неговиот најнов потфат е што со двата гола против Швајцарците, дојде до чиста „стотка“ на голови без да се бројат погодоците од пенали.

Роналдо е светски рекордер со над 800 официјални голови во кариерата, а рекордер е и на репрезентативен план.