Според „Мундо Депортиво“, Зидан утре во Доха ќе се сретне со газдите на ПСЖ, шеиците од Катар за да договори сѐ, но начелно од ПСЖ буквално сѐ прифатиле како услов поставен од легендарниот фудбалер и тренер, а пред сѐ дека ќе му дозволат истовремено да биде и тренер на ПСЖ и селектор на Франција, зашто Зизу сака да ги води „триколорите“ од моментот кога Дидие Дешан ќе реши да си замине од кормилото.
Според каталонскиот весник, фактот дека Зидан ќе живее во Париз, нема да има проблем да извршува две функции и тренер на ПСЖ и селектор, а според најавите после Мундијалот во Катар на крајот на годинава, без оглед дали Франција ќе ја одбрани светската круна или не, наводно Дешан после седум години на кормилото на „триколорите“ ќе си замине.
Според најавите Зидан ќе добие рекордна плата за еден тренер, околу 30 милиони евра нето, далеку повеќе од досега најплатените Диего Симеоне кој има 24 милиони евра во Атлетико Мадрид и Пеп Гвардиола кој има 23 милиони евра во Манчестер сити.
Зидан е поранешен фудбалер на Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, а потоа беше советник на Флорентино Перез, па спортски директор на „кралскиот клуб“, за на крај да биде тренер во два мандати во кои освои три европски титули по ред за две ипол години, а има и две шампионски титули во Ла Лига.