Хари Кејн е голем играч, но веројатно и голем малер. Проклетството на Хари Кејн продолжува, тој и понатаму нема освоено трофеј во својата клупска и репрезентативна кариера иако игра долго и е роден голгетер и се изнадава безброј голови.
Кејн ова лето од Тотенхем премина во Баерн Минхен со цел да освојува трофеи, но наместо конечно да види како е да се крене трофеј, тој го донесе малерот во Баварија.
Баерн одигра само 15 официјални натпревари сезонава, а веќе остана без два трофеи, оние во Суперкупот и Купот на Германија. Во Суперкупот Баварците беа поразени од Лајпциг, а во Купот испаднаа од третолигашот Сарбрикен (Кејн не играше на тој дуел синоќа).
За да освојат некаков трофеј сезонава, на Баерн и Кејн им останаа само уште две варијанти, оние најпримамливите, во Лигата на шампионите и во Бундеслигата.
Од друга страна, тимот од којшто си замина Кејн, Тотенхем, игра одлично и без него, и неочекувано во моментов е лидер на англиската Премиер лига.