Осумкратниот освојувач на Златната топка на „Франс фудбал“, Лионел Меси, во својата блескава кариера има постигнато повеќе од 800 голови, а омилен му е еден против Реал Мадрид, иако тој не му е најважниот во кариерата.
Меси има давано голови во финалиња на Светското првенство и во Лигата на шампионите, а неговиот избор за најдраг падна на погодок од полуфиналето на ЛШ во 2011 година, против Реал во Мадрид.
Тогаш Меси постигна гол, и тоа со неговата послаба десна нога, откако се прошета низ одбраната на Кралскиот клуб, на чија клупа тогаш седеше Жозе Мурињо.
„Тој гол секогаш ќе го паметам затоа што беше убав и имаше големо значење. Победивме со 2-0, а иако секогаш велам дека најспецијални голови се тие од финалињата, но јас го бирам овој“, рече Меси.