Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година не успеа да постигне позитивен резултат како од гостувањето кај Полска и денеска е поразена од младинците на Босна и Херцеговина (2:1).
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа уште еден пријателски натпревар и тоа на теренот на ФК Игман во Коњиц, а домашната селекција максимално го искористи фактот што македонските фудбалери не искористија многу добри шанси пред голот на противникот.
БиХ поведе во 10. минута преку Јагањац, а тој резултат останал до крајот на полувремето, за Бристриќ да го зголеми водството на домашната селекција во 72. минута.
Македонија единствениот гол го постигна во судиското надополнување и тоа преку Фетаи, за конечни 2:1.
Пред неколку дена, Македонија со истиот резултат 2:1 ја изненади Полска на гостински терен.