Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз, еден од најдобрите во светот, ќе ја дели правдата на мечот во среда меѓу Македонија и Романија.
Шпанецот важи за судија од највисока класа, инаку тој судеше неколку натпревари на последното ЕУРО 2020, а редовно суди и во Лигата на Шампионите во последно време.
Ќе му помагаат неговите сонародници Девис и Паломар, а во ВАР собата ќе бидат Мунуера и Барберо, исто од Шпанија.