Сите бегаат од Украина после бесмислената руска агресија, по која веќе илјадници Украинци бегаат од виорот на војната во соседните замји за да спасат жива глава, па ретко кој помислува да се врати во својата земја, освен тренерот на Бобан Николов во Шериф Тираспол, Јуриј Вернидуб.
Стратегот на молдавскиот гигант е Украинец, а целото семејство му е во Украина и за него нема друга опција, освен да влезе во земјата и да си го најде семејството. Тој вчера со Шериф ја заврши историската евроавантура со пораз во пенал-рулетот од Брага во шеснаестфиналето во Лига Европа.
„Роден сум во Украина, живеам во Украина, сакам да им дадам само поддршка на луѓето кои се таму после нападот вчера од Русија. Имам жена, две деца, внуци, браќа, сестри во Украина. Сакам само да се здрави, оваа војна да не ги чепне. Едвај чекам да дојдам во Молдавија, ќе барам да си одам кај семејството. Ако им треба помош, за нив секогаш сум тука. Тешко е да се зборува за ова, но фала Богу сите се здрави и живи“, вели Вернидуб.