Причина што овој меч денеска е во центарот на вниманието на јавноста е поништениот гол на составот од Русија во 92. минута од средбата, кој според речиси сите е крајно регуларен и кој ќе им донесеше продолженија. Турскиот судија Халил Умут Мелер по прегледување на ВАР-снимката реши да не го признае погодокот, поради наводен фаул на Александар Ерокин. Фактот што ова се случи токму на денот кога руската војска ја нападна Украина предизвика хаос на социјалните мрежи, на кои веднаш се појавија теории на заговор.
Многумина сметаат дека УЕФА намерно реши да не му дозволи на Зенит шанса да продолжи понатаму, за да не дојде во ситуација да мора потоа да ги елиминира на зелена маса поради потезите на претседателот Владимир Путин.