Екипата на Фенербахче освои бод против Манчестер јунајтед (1-1) во третото коло, откако двете екипи одиграа одличен меч во Истанбул во третото коло од ЛЕ.

Жозе Мурињо против неговиот поранешен клуб посакуваше победа, но голманот Андре Онана правеше чуда на голот на „ црвените ѓаволи“ во првиот дел, додека голот за водство на гостите го постигна Ериксен.

На почетокот на вториот дел Ен Незири беше стрелец за 1-1, по што продолжи драмата на теренот, односно Јунајтед тргна во офанзива со сите сили по втор гол.

Жозе Мурињо беше исклучен во 58. минута, откако збесна покрај аут-линијата, по што не се менуваше резултатот на натпреварот.

Фенербахче по три одиграни меча има освоено пет бодови, додека Манчестер Јунајтед има само три бода.

(ОВДЕ можете да ги видите головите)

Лацио и Тотенхем продолжуваат со 100 процентниот учинок, нивни нови жртви беа холандските клубови Твенте и Аз Алкмар.

Римјаните со головите на Педро и Исаксен славеа во Холандија (ТУКА можат да се погледнат головите), додека Тотенхем благодарение на Ришарлисон го совлада Аз Алкмар со 1-0.(голот на Бразилецот)

Останати резултати:

Андерлехт – Лудогорец 2-0
Атлетик Билбао – Славија Прага 1-0
Лион – Бешикташ 0-1
Малме – Олимпијакос 0-1
Порто – Хофенхајм 2-0
Тотенхем – АЗ Алкмар 1-0
Твенте – Лацио 0-2