„Ел Мундо Депортиво“ објави дека на Барселона и е понуден Оскар од менаџерот на фудбалерот Киа Јорабчиан, кој е менаџер и на Фелипе Кутињо, па Каталонците сега сериозно размислуваат да го ангажираат бразилскиот офанзивен фудбалер за врска.
Барса има проблеми за да го ослободи буџетот за плати, па нема многу пари за трошење и приоритет е да се регистрира Феран Торес, кој дојде од Манчестер сити за 60-на милиони евра, па затоа Оскар е подготвен да игра за „минималец“ од еден милион евра годишно, плата која ја има и повратникот Дани Алвеш.