Денеска со почеток во 15:00 часот се одиграа пет натпревари од 8.коло во ПМФЛ.

Екипата на Ренова, на домашен терен славеше убедлива победа од 5:2 против Брегалница.

Домаќините одлично го започнаа натпреварот, па во првото полувреме постигнаа три гола, а Брегалница само еден.

Резултато го отвори Јусуфи во 22. минута за водство на Ренова, пото штипјаните израмнија во 25. минута со голот на Алтипармаковски. Ренова го врати водството со голот на Селмани во 33. минута, а Шефити во 37. минута го постигна третиот гол за Ренова.

Брегалница во второто полувреме се обиде да сигне до израмнување, па во 53. минута Манев намали на 3:2, но Илиески во 74. минута го зголеми водството на 4:2 за Рфенова, а конечниот резултат 5:2 го постави Мустафов во 90+2. минута.

Битолчаните одигаа одлично во Скопје, па заслужено дојдоа до бод против Работнички.

Водстовото на Работнички го донесе Ристевски во 34. минута, потоа Работнички го немаше никаде и по двете шанси на Принц, сепак Глорие успеа во 90. минута да донесе 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

БОРЕЦ – СКОПЈЕ 0:2

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1:1

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1:1

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА 5:2

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:0

А. ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 ЧАСОТ)