Ракометарот на Киелце, Владислав Кулеш пред почетокот на оваа сезона на своја сметка имаше критики од тренерот Талант Душебаев поради неговата лоша форма во текот на подготвителниот период.

Репрезентативецот на Белорусија покажа дека сеуште е во лоша форма кога на натпревар од полското првенство против Калиш од чиста позиција го промаши целиот празен гол на противникот.

https://twitter.com/i/status/1441785020327215106

Неговата грешка немаше негативно влијание на резултатот бидејќи тоа се случи во финишот на првото полувреме. Келце убедливо го доби натпреварот против Калиш со 37:29.