Лионел Меси се врати на тренинзите, откако поради повреда пропушти два меча.
Француските медиуми тврдат дека повредата е санирана и дека тој ќе биде во комбинација за следната пресметка.
ПСЖ во вторник игра против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а секако тоа ќе биде спектакл, Меси против неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола.
Двајцата со Барселона освоија се што можеше да се освои и во своите ветрини ставија голем број на пехари.