Поранешниот аргентински фудбалер и бивш менаџер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано откри како Кристијано Роналдо ја промени кариерата на Карим Бензема. Во интервју за Ла Галерна, тој зборува за разговор во кој Португалецот му објаснува на Французинот каква е состојбата.

“Промената кај Бензема дојде поради попрофесионален пристап. Играше со Кристијано, врвен професионалец, кој еднаш му рече:” Дечко, вака нема да напредуваш во Реал Мадрид “. “Карим научи многу од тој совет. Интелигентните луѓе прават промена на подобро. Дури и заминувањето на Кристијано го направи Бензема уште подобар бидејќи го принуди да ја преземе улогата на лидер”, изјави легендарниот Валдано.

 

Бензема многу сериозно ја сфати критиката на Роналдо и со текот на годините стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Оваа сезона Французинот има девет гола и седум асистенции на осум натпревари.