Дидие Дешамп остана без играч кој би можел многу да му користи. Кристофер Нкунку се повреди на последниот тренинг.
Непосредно пред патувањето во Катар, Кристофер Нкунку заработи повреда на тренинг и нема да патува на Светското првенство.
Повредата настана кога во еден момент по топката во исто време тргнаа Нкунку и Едуардо Камавинга, а притоа се повреди Нкунку.
Напаѓачот на Лајпциг остана да лежи со болки на теренот, лекарите дојдоа многу брзо, му беше помогнато и го напушти тренингот.
Не требаше многу да стигне потврдата дека Нкунку е исклучен од Светското првенство, а на негово место ќе биде повикан Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.