Шпанскиот великан Барселона со победа над Севилја од 2-1 ја заврши оваа турбулентна сезона која дефинитивно беше неуспешна за клубот, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј. Година која на крајот е заокружена со тренерска драма и отказ за барсината легенда Чави Ернандес.
И додека се чека официјална потврда околу неговиот наследник (треба да биде Ханси Флик) се уште има реакции за потегот на Жоан Лапорта и неговите најблиски соработници, а уште еднаш во фокусот на вниманието се најде тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес.
Санчез Флорес ги „поздрави“ Лапорта и компанија пред средбата на „Рамон Санчес Писхуан“, а по средбата испрати уште една порака која се раскажува.
-Многу го ценам Чави како тренер, ја ценам титулата која ја освои минатата сезона. Му се воодушевував како фудбалер, исто како сите вас. Изгледа како искрен човек кој кажува што мисли. Беше во транзиционен период и тоа му го кажав. Барселона има проблем и тоа не е Чави, тоа е Реал Мадрид, -порача досегашниот тренер на Севилја.