Поранешниот селектор на хрватската репрезентација Игор Штимац во емисија на каналот Спортс 18 ги погоди сите учесници во полуфиналето на Светското првенство.
Фудбалските легенди Вејн Руни, Луис Фиго, Роберт Пирес и Сол Кембел погодуваа со него во студиото, но Штимац беше единствениот кој успеа да ги погоди сите.
Полуфиналистите беа предвидени додека траеше групната фаза.
Својот успех го објави и на социјалните мрежи.
„Моите предвидувања никогаш не се погрешни. Не сакам да нагаѓам, но комбинирам памет и срце. Одиме, Хрватска“, напиша Штимац на својот Твитер.
Инаку, Игор Штимац ја водеше хрватската репрезентација нешто повеќе од една година, од јуни 2012 до октомври 2013 година. Веќе две и пол години е селектор на индиската репрезентација.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=31&v=RmLY6dvNlxU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fsport.novi.ba%2F&feature=emb_logo