Исник Алими со гол и асистенција му донесе победа на Сепси во првата романска лига.
Македонскиот репрезентативец не беше во стартниот состав за пресметката со Херманштад, но иако влезе во 67 минута тој блескаше на теренот. Тој ја направи разликата, беше постојана закана за противникот, делеше топки и доби највисока оценка на овој натпревар.
Гостите триумфираа со 4-0, а Алими беше стрелец на третиот гол, и асистент за последниот кога на фантастичен начин го проигра Нешковиќ кој стави точка на конечниот резултат.