Еквадор го постигна првиот гол на Мундијалот, а стрелец од пенал беше Енер Валенсија.

Соиграчот на Езџан Алиоски од Фенербахче го изнуди и го реализира ударот од белата точка во 16. минута.

Претходно Еквадор постигна гол и во третата минута во главната улога беше Валенсија, но после интервенција од ВАР беше поништен поради офсајд.

За жал на домаќините на Мундијалот, потоа примија регуларен гол од пенал.

Ова е премиерниот меч на Светското првенство, кое ќе се игра во Катар до 18. декември.

https://twitter.com/WCQatar22update/status/1594365631477972994?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1594365631477972994%7Ctwgr%5E11c99ca89a85cf7dfd9008ea792e6dfa87ac087c%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2022%2F11%2F20%2FD188D0BED183-D0BDD0B0-D0B2D0B0D0BBD0B5D0BDD181D0B8D198D0B0-D0B5D0BAD0B2D0B0D0B4D0BED180-D182D180D0B3D0BDD0B0-D0BFD0BED0B1D0B5D0B4D0BD%2F