Македонскиот репрезентативец Валон Етеми даде нов гол за Истанбулспор, негов четврти сезонава во турската Суперлига и тоа на извонреден начин откако истрча 70 метри за да погоди во акцијата која сам ја започна од пред својот шеснаесетник по една одземена топка.
За Етеми ова е деби сезона во турската елита во третата сезона за Истанбулспор, а денеска после 18 минути му даде гол на Гиресунспор. Покрај четирите гола досега во 10 меча има и една асистенција и е еден од малкумината македонски репрезентативци кои играат во добра форма.
Поради повреда не беше дел од македонската репрезентација на последниот септемвриски собир за завршницата од Лигата на нации.