Џејсон Татум и Демар Дерозан имаа жесток меѓусебен дуел во пресметката меѓу Бостон и Чикаго во НБА лигата. Бостон триумфираше со 123:119, а Џејсон Татум постигна 36 поени и имаше 12 блокади. На спротивната страна Демар Дерозан постигна дури 46 поени меѓутоа не успеаја да стигнат до триумф. Тој е првиот кошаркар на Чикаго кој постигнал 40+ поени по Мајкл Џордан во ноември 1991 година кога постигна 41 поен.

Лука Дончиќ повторно е најдобар во редовите на Далас во триумфот над Торонто со 111:110. Словенечкиот кошаркар осми меч по ред постигнува 30+ поени, а овој натпревар го заврши со 35 поени.

 

 

РЕЗУЛТАТИ
ДЕТРОИД – КЛИВЛЕНД 88:112
ИНДИЈАНА – МАЈАМИ 101:99
ФИЛАДЕЛФИЈА – ЊУЈОРК 104:106
ВАШИНГТОН – БРУКЛИН 86:128
БОСТОН – ЧИКАГО 123:119
МЕМФИС – ШАРЛОТ 130:99
САН АНТОНИО – Л.А. КЛИПЕРС 106:113
ДАЛАС – ТОРОНТО 111:110
ЊУ ОРЛЕАНС – ГОЛДЕН СТЕЈТ 114:105
МИНЕСОТА – МИЛВОКИ 102:115
ФЕНИКС – ПОРТЛАНД 106:108
Л.А.ЛЕЈКЕРС – ЈУТА 116:130