Три европски фудбалски гиганти во моментов водат битка за новото бразилско чудо, 16-годишниот Ендрик од Палмеираш, кој со неверојатните настапи го сврте вниманието кон себе, па уште од времето на Нејмар ниту еден бразилски фудбалер на таа возраст не бил во таков центар на внимание.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека во моментов Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен се трите гиганти кои се борат за потписот и во моментов се во предност пред останатите ривали од „фудбалската аристократија.
Цената на Ендрик е 60 милиони евра, но кој и да го договори Бразилецот ќе мора да чека до 2024 година кога младиот фудбалер ќе стане полнолетен и ќе може да замине од татковината во Европа.
Бразилецот и неговото семејство во моментов објавија дека не ги интересира ништо освен натпреварите за Палмеираш, што значи долга ќе биде војната на гигантите кој прв да стигне до потписот на извонредниот бразилец.
Шпанските медиуми пред нешто повеќе од две недели објавија дека од Реал Мадрид го убедиле таткото на Ендрик дека најтрофејниот клуб е идеално место за неговиот син, но сè е предалеку од било што конкретно.