Килијан Мбапе ги коменираше јужноамериканските квалификации со потценувачки тон и наиде на многу критики од повеќе страни. Последен кој му реплицира беше Антонио Валенсија, поранешен репрезентативец на Еквадор, кој во контекст на европскиот фудбал ја спомена и Македонија.
Некогашниот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед со потценувачки тон ја спомена нашата репрезентација. Мбапе во месец мај изјави дека јужноамериканските квалификации не се компетитивни, а во репликата Валенсија кажа…
„Во Европа тие (Французите н.з) ќе играат со Македонија. Замислете! Ќе играат со земји кои не се компетитивни. Така, европските квалификации немаат ништо близу со оние во Јужна Америка. Би го поканил да проба еден меч… Сум играл во Баранкиља на 42, 45 степени, а од меч во Перу, сум патувал во Ла Паз. Можеби Мбапе не е свесен за јужноамериканските квалификации, ама тие се многу тешки“, изјави Валенсија.
Нејасно е зошто поранешниот десен бек го спомена нашиот национален тим, затоа што „рисовите“ играа на Европско првенсво (ЕП), ја победија Германија, па Италија, играа бараж за Светското првенство со Португалија…