Италија оствари минимална победа против Босна и Херцеговина од 1-0, додека Словачка славеше со 4-0 противселекцијата на Велс.
Давиде Фратези беше стрелец на единствениот гол за „аѕурите“ во пријателскиот меч одигран во Емполи, иако победата можеше да биде уште поубедлива ако Италија ги искористеше своите шанси.
Првиот гол на мечот меѓу Словачка и Велс беше дело на Куцка во 45. минута, по што домаќините го декласираа ривалот во вториот дел со головите на Бозеник, Бенес и автоголот на Ампаду.
Грузијците на своето прво ЕП патуваат со победнички дух. Тие славеа со 1-3 на пријателскиот меч против Црна Гора во Подгорица. Овој дуел го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.
Китеишвили, Микаутадзе и Зивзивадзе беа стрелци за Грузија, а Јоветиќ погоди за селекцијата на Црна Гора.