Рекордерот по број на титули на Ролан Гарос, Рафаел Надал, доби наследник на престижниот турнир. Карлос Алкараз од Шпанија го освои Грен Слем турнирот во Париз по еден одличен меч со пресврт против Александар Зверев со 3-2 во сетови (6-3, 2-6, 5-7, 6-1, 6-2).
Само шест пати во последните 20 години на овој турнир триумфира тенисер кој не беше од Шпанија. Надал доминираше, тука освои 14 Грен Слема, а за Алкараз ова е прв трофеј во Париз со кој влегува во друштво на Надал, Фереро, Коста, Моја, Бругера, Химено и Сантана кои успеале да го освојат турнирот, а се Шпанци.
Првиот сет на мечот почна со брјекови за двата тенисери, а главниот потег кон триумфот на стартот, Алкараз го направи кога освои сервиси на Зверев за 3-2 и 6-3. Шпанецот ја искористи првата сет-топка за предност. Во вториот сет, Германецот возврати со иста мера, направи брејк за 2-3 и 2-6, па така израмни на 1-1 во сетови.
Во третиот сет Зверев тргна лошо, Алкараз имаше предност од 5-2, меѓутоа Зверев се врати од бездната и успеа да го добие и овој втор сет со 5-7. Во четвртиот дел од мечот, Алкараз делуваше луто, погодуваше многу тешки поени, па така го надигра ривалот со 6-1.
Во петтиот решавачки сет, на стартот Алкараз направи брејк и имаше 2-1, а Зверев потоа иако имаше предност од 40-0 и неколку брејк-топки при сервис на Алкараз, Шпанецот се издигна како феникс и поведе со 3-1. До финишот на сетот, Шпанецот ја сочува предноста и дојде до голем успех во кариерата.
За Алкараз ова е прв трофеј на Ролан Гарос, а вкупно трет Грен Слем по УС Опен (2022) и Вимблдон (2023).