Минимално со 1:0, но ја нанижа и седмата последователна победа во Ла Лига со која се израмнија на врвот со Реал (М). Каталонците вечерва славеа на домашен терен против Селта благодарение на голот на Педри постигнат уште во 17. минута.

Статистички Барселона беше подобра, но и Селта имаше свои шанси. Барселона успеа да ја продолжи одличната низа во Ла Лига и да внесе нова неизвесност на врвот во трката со Реал (М).

 Најдобар поединец во тимот на каталонскиот клуб беше голманот Тер Штеген. Тој во финишот го спаси својот тим.