Френк Кеси ќе биде слободен агент во јуни, а тоа го прави уште поатрактивен за фудбалските клубови кои се заинтересирани за актуелниот член на Милан.Според шпанскиот весник „Спорт“, агентите на Кеси разгледуваат повеќе понуди, а веќе имаат конкретни преговори и со Барселона.
Медиумот тврди дека двете страни ги доближиле своите ставови во однос на годишната плата и можно е наскоро да постигнат компромис, па репрезентативецот на Брегот на слоновата коска би бил блиску до трансфер на „Камп Ноу“.Кеси има договор со Милан до крајот на сезоната, а италијанскиот клуб веќе му потврдил дека нема да бидат прифатени неговите финансиски услови, што значи и покана за преговори со други клубови.Кеси сезонава има 26 настапи и 6 гола во дресот на Милан.