– „Тунелот“ е само еден детаљ од мечот, мене повеќе ме импресионира како ја разбира играта, како работи меѓу линии и како им бега зад грб на чуварите. Не сум видел талент како него.

– Кога е само талентот во прашање, нема играч како него. Не го велам ова за да го пофалам, бидејќи Педри е играч кој не сака пофалби. Има врвни играчи со различни карактеристики на негова позиција како Де Брујне и Модриќ, но нема играчи со талент како неговиот. Ме потсетува на Иниеста, со разлика на тоа што играа во различни времиња. Ако зборуваме само за чистиот талент, нема подобар играч од него во светот, – завршува Чави.