Откажани се сите натпревари на руските екипи во Евролигата.

Евролигата излезе со официјално соопштение и донесе одлука.

Руските екипи нема да ги играат натпреварите од Евролигата, најверојатно до крајот на сезоната.

Нема да има неутрален домашен терен, или само гостувања. Руските тимови едноставно не можат да играат кошарка во Евролигата.

Исто така Локомотива Кубан нема да игра во Еврокупот.

„Евролигата континуирано го следи развојот на ситуацијата. Доколку ситуацијата не се развие на поволен начин, сите натпревари од регуларниот дел од сезоната против руските тимови ќе бидат откажани за да се конфигурира конечната табела и позициите во Евролигата“, се вели во соопштението.

https://twitter.com/Carchia/status/1498334918212034563?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498334918212034563%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fkosarka%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D28nav_id%3D2113684