Борусија Дортмунд триумфираше и на гостувањето кај ПСЖ со 1-0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони и сќе игра во финалето .
Килиан Мбапе најдобриот француски фудбалер си оди од клубот по крајот на сезоната, следна дестинација ќе му биде Реал Мадрид, а со ПСЖ ги има сите титули, освен највредната за која беше донесен. „Светците“ остануваат проколнати, затоа што и покрај сите инвестиции не успеваат да дојдат до европската титула и повеќе од една деценија од слевањето на катарските милијарди.
Во Париз домаќинот ПСЖ тргналошо. Се мачеше а БорусијаДортмунд одлично беше поставена на теренот. Двата тима имаа неколку шанси во првиот дел, но голови немаше. На стартот на вториот дел, ПСЖ ја стресе пречката преку Заир-Емери, тоа беше првата изградена можност за домашните, а потоа следуваше студен туш за парижаните.
ПСЖ напаѓаше во текот на целиот натпревар, но немаше среќа бидејќи неколку пати ја погоди рамката на голот на голманот Кобел, а казната стигна во 50. минута кога Матс Хумелс погоди за 1-0.
Јулијан Брандт испрати одличен центар-шут во казнениот простор на „светците“, по што Хумелс беше највисок во скокот и ја затресе мрежата на ПСЖ. Ова ги разбуди домаќините кои тргнаа уште пожестоко во нападот, но повторно рамката од голот беше сојузник на „милионерите“.
Во второто полуфинале во ЛШ ќе играат Реал Мадрид и Баерн Минхен, а мечот е закажан за среда од 21 часот во Шпанија.