Кошаркарите на белградски Партизан беа поразени во вториот натпревар од полуфиналето во АБА-лигата во Подгорица од Будуќност со 73-74.
Партизан ја доби првата четвртина со 23-20, додека на полувреме замина со водство од 40-36, по што Будуќност ја анулираше негативата во третата четвртина и направи целосен пресврт.
Голема битка се водеше во завршницата на мечот, а Алекса Аврамовиќ промаши шут за победа на српскиот тим.
Пантер го заврши мечот со 17 поени, четири скокови и две асистенции за „црно-белите“, додека Ферел постигна 13 поени и четири асистенции за Будуќност.
https://twitter.com/i/status/1787908158729420908