Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на мастерсот во Монте Карло против Роман Сафиулин со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-2.
Ѓоковиќ одигра извонредно во првиот сет и направи дури три брејка на противнички сервис, односно му дозволи на Сафиулин да освои еден гем.
Сафиулин не успеа да му парира на Ѓоковиќ ниту во вториот гем, па освои само два гема, а Србинот славеше со 6-2.
Србинот во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Артур Филс и Лоренцо Музети.