Лазаревски му донесе предност на Вардар, а истата „црвено-црните“ ја одржуваа во текот на целото прво полувреме, иако во финишот имаа водство и од два гола (12-10).
Вардар повторно поведе со два гола разлика (17-15) во вториот дел, но потоа следуваше добра игра на Пелистер кој направи пресврт и поведе со 20-19 во 49. минута од натпреварот.
„Црвено-црните“ го засилија темпото во завршница од средбата, па на пет минути пред крајот стигнаа до предност од три гола (23-20), по што постигнаа уште еден гол до крајот на мечот за славје од 24-20.
Во клучен момент Лесјак му одбрани пенал на вардаровиот Јапонец за четири разлика. Еурофарм Пелистер промаши, а со човек повеќе домаќинот поведе со 24-20 и предизвика лудница во последните две минути. До крајот на мечот Вардар рутински ја одбрани победата.
Најефикасни на натпреварот беа Косуке Јасухира од Вардар и Нејц Цехте од Еурофарм Пелистер со по шест голови. Томовски беше одличен на голот со 12 интервенции, додека Лесјек запиша осум одбрани.
Вардар со оваа победа се врати во трка за титулата, па по осум одиграни кола има 21 бод, додека Пелистер сè уште е лидер со 23 бодови.