Започна Европското првенство во ракомет. Ракометарките на Унгарија и Словенија ги забележаа првите победи.
Унгарија – Швајцарија 33:28
На Европското првенство во ракомет, кое започна денеска, Унгарките победија против Швајцарките со 33:28. Очекувано славје на Унгарија, но Швајцарија потврди дека може да е непријатен противник.
Швајцарките водеа на полувремето 14:12, одиграа многу добро, но во останатиот дел од натпреварот подобрата Унгарија полека поведе.
Одлепувањето на Унгарија започна на почетокот на последните десет минути кога Унгарија направи серија од 4:0 и отиде на 27:24, а до крајот на мечот Швајцарија повеќе не дојде до шанса за да израмни.
Заврши 33:28 за Унгарија, која успешно ја заврши првата задача во групата.
Ја предводеа Катрин Гита Клујбер со девет гола и Петра Вамос и Викторија Ѓер-Лукач со по шест.
Во швајцарскиот тим Табеа Шмид постигна шест гола, а Миа Еменегер, Дафне Гаучи и Нурија Бухер постигнаа по пет.
Данска – Словенија 26:27
Неизвесен дуел се одигра во Целје, каде Словенија стартуваше со голема победа против Данска. Словенките славеа со 27:26 и на најдобар можен начин го отворија настапот на Европското првенство.
Тоа беше сосема израмнет натпревар во кој репрезентациите водеа наизменично, а во плус последен пат Данска беше во 47. минута кога поведе со 22:21.
Клеменчич и Мавсар во последните десет минути направија клучна разлика за Словенките, Словенија дојде до предност од два гола и до крајот на мечот не дозволи Данска целосно да се врати во игра.
Ана Грос постигна осум гола за Словенија, а Тамара Мавсар додаде седум. Трина Јенсен Остергард постигна седум гола за Данска.