Кошаркарите на Морнар Бар го совладаа МЗТ во Скопје со резултат 94:77 (27:22, 20:22, 10:23, 20:27) во шестото коло од АБА лигата „АдмиралБет“.
Повратникот во јадранската елита одлично го започна натпреварот и по првата четвртина стекна пет поени предност, Крстевски, Стојановски и Кафи беа посебно расположени.
Во средината на втората четвртина, тимот од Бар резултатски се врати во мечот и дојде до предност, но сепак на полувремето замина со негатива од три поени.
Решавачка беше третата четвртина во која Михаиловиќ и Расел се разиграа, Морнар направи серија од 7:0 и 12:0 и дојде до предност која не ја испушти до самиот крај на мечот.
На крајот сигурен триумф на Морнар за кој Михаиловиќ постигна 25 поени, 22 постигна Расел, а двоцифрени беа уште Пецарски со 13, Вранковиќ 12 и Врањеш со 11 поени.
Во МЗТ Крстевски постигна 22 поени, Кафи додаде 14, а Стојановски 13 поени.