Црвено жолтите постојано беа во негатива во првите две четвртини, пред заминувањето на одмор дури и со 14 поени негатива (23-37), но заиграа многу подобро во продолжението. Одбраната стана поагресивна и поцврста, што резултира со серија 19-7 и намалување на само минус два (46-48). Пред крајот на третиот период дури и поведовме со плус четири (57-53), по што следуваше неизвесен последен период со неколку промени во водството. Во финишот нашите млади кошаркари се снајдоа одлично и ја искористија шансата која им ја подари Шведска со триумфот над Грузијците во претходното коло.
Андреј Андоновски и Лука Савичевиќ со по 14 поени беа најпрецизни кај Македонија, додека Марин Петков постигна 13 поени, а Гоце Петрушевски 10 поени. Наш четвртфинален противник е Естонија, која оствари максимални четири победи во групата А. Мечот е закажан за в петок.