Словенија го најави убедливиот триумф уште во првото полувреме, откако по 24 минути во листата на стрелци се запиша Корошец, а потоа и Панчурова си постигна автогол за предност од 2-0 на гостите.
Македонија заигра подобро во вториот дел, но повторно Словенија ја презеде контролата и постигна уште три гола, и тоа преку Прашникар, Кајзба и Колбл за конечни 5-0.
Словенија е прва во групата со шест бодови, додека Македонија има три бода на втората позиција.
Македонските репрезентативки следниот натпревар го играат против Молдавија на домашен терен на 31 мај.