Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Карим Бензема имаше фантастично деби за саудискиот Ал-Итихад.

Французинот кој заедно со Кристијано Роналдо се најплатени фудбалери на светот со годишна плата од 200 милиони евра, постигна гол и имаше асистенција во победата од 2:1 на Ал-Итихад против Есперанс Тунис во првото коло во групната фаза во Арапскиот шампионски куп.

https://twitter.com/MARCAinENGLISH/status/1684670238888022016?s=20

Бензема прво во 35-тата минута му асистираше на Хамдалах да го израмни резултатот откако Есперанс Тунис поведе преку Бугуера во 26-тата минута, а потоа во 55-тата минута со фантастичен шут од 16-тина метри го постигна голот за победа.

 

https://twitter.com/ExJohnHonestyy/status/1684664272654077957?s=20