Ивановски се соочи со голем притисок од четвртиот носител на турнирот, кој го доби првиот сет со 6-4, но потоа македонскиот тенисер влезе во одличен ритам и со 6-2 ја врати неизвесноста во натпреварот.
Македонскиот тенисер продолжи да доминира на теренот и повторно му го одзема сервисот на ривалот за да го добие и третиот сет со 6-2.
Ивановски за титулата ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Оливер Крофорд и Жерар Кампања Ли.